МНР го правда „лидеро“ – Средбата со Курти била планирана од претходно
Мала лекција од краткотрајниот косовски претседател Беџет Пацоли за сегашната Вјоса Османи, а поврзано со аеродромската драма во Скопје. Пацоли и покрај критиките од Косово за неговиот став, тврди дека нема грешка во аеродромските служби и секој мора да се провери согласно безбедносните процедури за меѓународниот авио сообраќај, пренесува Телма.
Грешката според него била во персоналот на кабинетот на Османи.
-Не постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на проверка на кој било патник што лета со авион, особено со јавен авион каде што и безбедноста на другите патници е во прашање. Во случај некој патник да одбие да биде проверен од службата за безбедност, службата, меѓу другото, го известува пилотот на соодветниот авион и пилотот автоматски може да одлучи авионот да не полета, наведе поранешниот косовски претседател Беџет Пацоли во пост на ФБ.
Пред празник во Скопје беше косовската претседателка на поминување и транзит, а после празничниот викенд ќе дојде косовскиот премиер Албин Курти, во посета.
Таа посета е планирана и договорена пред три недели и не е поврзана со актуелниот случај, ни одговорија од МНР. Планирани се разговори за продлабочување на соработката, иако во меѓувреме како тема се наметна и случајот со Османи поради што се очекува на средбата и за тоа да стане збор.
Протестната нота која Приштина ја упати веќе е во МНР, а од утре ќе биде прераспределeна и до надлежните истражни органи за да подготват одговор за куќата на дипломатијата која треба да срочи дипломатски одговор на нотата и да го прати во Приштина.
Другиот внатрешниот дел од случајот, скандалозното шерифско однесување на членовите на обезбедувањето на претседателот на Парламентот Африм Гаши е под истрага и во Обвинителството и во внатрешната контрола.
СДСМ повторно го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ги штити своите коалициски партнери од Вреди за грешката.
-Членот на обезбедувањето на Гаши тешко ги прекршил своите овласувања за што треба да биде прво итно суспендиран, а понатаму и кривично гонет. Фактите околу неговата улога во инцидентот во детали ги има МВР и внатрешна контрола и тие недвосмислено упатуваат на суспензија и судска постапка против него. Сега прашањето е зошто чекаат да го суспендираат, а понатаму и процесираат? Дали повторно ВМРО-ДПМНЕ коленичи пред коалицискиот партнер и се обидува да ги заштити?
СДСМ тврди дека ги знае сите детали, но повторно нема објаснување дали ги доставиле до обвинителството и МВР.
Извор: Телма
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18+ видеа од познати жени објавени во…
Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…
Епидемијата на чума во Сибир излегува од…
Ситуацијата со епидемијата на чума во рускиот…
САД ги повлекоа сите Б-1 бомбардери од…
Соединетите Американски Држави ги повлекоа сите бомбардери…
Се затовра ли уште еден теснец: Експлозии…
Повеќе експлозии биле забележани во непосредна близина…
Наводи за нов напад врз саудискиот нафтовод…
Се појавија непотврдени информации за нов напад…