Г7 повика на запирање на деструктивниот циклус на насилство на Блискиот Исток
Шефовите на дипломатиите на членките на Групата седум индустриски развиени земји (Г7) и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел ги повикаа сите инволвирани страни на Блискиот Исток да се воздржат од продолжување на тековниот деструктивен циклус на одмазднички насилство, да ги намалат тензиите и конструктивно да се ангажираат кон деескалација на состојбата.
Ние, министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД и високиот претставник на ЕУ, ја изразуваме нашата длабока загриженост поради зголеменото ниво на тензии на Блискиот Исток, што се заканува да разгори поширок конфликт во регионот, се наведува во изјавата на шефовите на дипломатиите на Г7 во врска со најновиот развој на настани на Блискиот Исток.
Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, во изјавата во која се апелира за прекин на насилството, се додава и дека ниту една земја или нација нема да имаат корист од понатамошната ескалација на состојбата на Блискиот Исток.
Тензиите на Блискиот Исток, кои се зголемија по нападот на припадници на Хамас врз Израел во октомври минатата години и одмаздничката акција на израелските сили во Појасот Газа и неколкуте поединечни напади низ земји во регионот, минатата недела дополнително ескалираа со убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран, кое им се припишува на агенти на израелската тајна служба Мосад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Москва ја прозва Холандија по нападот врз…
Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…
Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…
„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…
Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…
Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…
Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…