Левица поднесе законски измени за 50 годишна забрана за изградба на објекти на опожарените места

t

Левица поднесе законски измени за 50 годишна забрана за изградба на објекти на опожарените места, соопштија денеска на прес-конференција од политичката партија Левица.

– „Целта на предложените законски измени е да се дестимулира намерното палење на шумите и подметнување шумски пожари.
Потенцијални мотиви за подметнување пожари се земјиштето кое било зафатени од пожар да се урбанизира, на него да се изградат објекти, фотоволтаични централи и да се врши сеча на шумите.
Затоа, законските измени коишто ги предложи Левица предвидуваат 50 годишна забрана за било каква урбанизација, изградба на објекти, фотоволтаични централи или сеча на шумите.

Усвојувањето на овие измени ќе го направи подметнувањето пожари бесмислено и ќе го дестимулира намерното предизвикување на шумски пожари.

Ги повикуваме останатите пратенички групи во Собранието на Република Македонија да го поддржат овој Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за шумите.” – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор,…

Од вкупно 11 пожари на отворен простор…

Нема активни пожари во Македонија

До 13 часот денеска регистриран е еден…