Нови 25 случаи на голема кашлица, хоспитализирани се 3 лица

t

За една недела, односно од 26 јули до 1 август, пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица или пертусис. Од нив, три се хоспитализирани, велат од Институтот за јавно здравје.

Според последниот извештај на ИЈЗ, најголем број од случаите се пријавени во Скопје или 13, а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден од Битола и од Тетово.

Возраста на заболените се движи од два месеца до 50 години, а најголем број од случаите се од возрасната група до четири години.

„Од заболените, 17 се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, петмина се комплетно вакцинирани, а тројца се вакцинирани согласно возраста“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 1 август во државата, регистрирани се вкупно 981 случај на голема кашлица, што претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Според извештајот на ИЈЗ, од вкупниот број заболени или 981, кај 974 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина е во асимптоматска форма. Од 18 јануари до 1 август дадени се вкупно 62 184 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Овошје и зеленчук богати со калиум, минерал…

Храната што ја јадете секој ден е…

Две вообичаени „здрави“ навики кои всушност можат…

Сакајќи да го подобриме нашето здравје, честопати…

Колку вода треба да пиете според тежината?

невно се препорачува да се пијат осум…

Тригодишно дете заболело од голема кашлица

За една недела, односно во периодот од…

Внимателно со алкохолот и пиротехничките средства за…

Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните…