Објавено на:

Демонстрантите во Бангладеш упаднаа во палатата на пребегнaтата премиерка

t

Демонстрантите во Бангладеш упаднаа во палатата на пребегнaтата премиерка која поднесе оставка по неколкунеделните протести во кои животот го загубија најмалку 300 луѓе.

Најмалку 300 луѓе загинаа од почетокот на протестите во Бангладеш. Немирите започнаа на почетокот на јули поради владината мерка поврзана со квотите за работни места, кои оттогаш беа ограничени од Врховниот суд на земјата, пренесува Н1.

Во обраќањето до нацијата, генералот Вакер-Уз-Заман рече дека ќе се формира привремена влада и го повика народот да и верува на армијата за да го врати мирот.

„Невидени“ протести продолжуваат да се одржуваат низ Бангладеш, со илјадници луѓе на улиците. Ограбени се неколку ТВ станици, како и куќата на советничката на премиерката Хасина и нејзиниот дом, јавува Ал Џезира.

Имаше и многу извештаи за вандализам и грабежи, а студентските лидери ги повикуваат луѓето да се смират, да се воздржат од вандализам, да не им нанесуваат штета на другите и да внимаваат на малцинствата.

Ројтерс објави фотографии од протестните настани во Дака. На фотографиите, покрај луѓето кои слават, може да се види толпа која упадна во Ганабабан, резиденцијата на премиерката, откако таа поднесе оставка во понеделникот и побегна од земјата.

ЕУ повикува на „уредна и мирна“ транзиција во Бангладеш

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, вели дека Европската унија „повикува на смиреност и воздржаност“ по оставката на Хаса.

„Од витално значење е да се обезбеди уредна и мирна транзиција кон демократски избрана влада, со целосно почитување на човековите права и демократските принципи“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Протести во САД: Воведен полициски час…

Одлуката беше донесена по серија жестоки судири…

Се трага по пет државјани на Бангладеш:…

На 16.05.2026 во 12:20 часот во Полициската…

Италијанската премиерка Мелони ги нарече антиолимписките демонстранти…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ги осуди…

Уште еден демонстрант се извини: „Од стрес,…

По вчерашните извинувања од демонстрантите кои упатија…

Протести во Бангладеш поради смртта на студентски…

Бангладеш доцна синоќа беше зафатен од насилни…