Објавено на:

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека косовскиот премиер Аљбин Курти со еднострани потези се обидува да предизвика војна.

Тој го коментираше денешниот потег на косовската полиција која упадна и затвори девет филијали на Српска пошта на северот на Косово.

„Курти се обидува да предизвика војна со еднострани незаконски потези, тоа го прави намерно, организирано и со поддршка на одредени западни сили. Објавата на Европската служба за надворешни работи е срамна и безобразна бидејќи во таа објава не повикуваат на разговор за едностраните потези на Курти, инаку незаконски, ајде да разговараме, па следниот пат, кога ќе убие 20 луѓе, повторно ќе одиме на дијалог да разговараме дали можел или не и кои се нивните идеи за да се надмине, ни викаат ајде да разговараме како да се надмине нешто што беше брутално прекршено. Така што, сакам само да ве информирам дека има договор од 2015 година за телекомуникациите, за српската пошта и за се друго“, истакна Вучиќ.

Според српскиот претседател тој договор бил „брутално прекршен“, а текстот во него намерно „омекнат“, поради, како што истакна, двете членки на Европската унија, кои секогаш ги омекнуваат сите позиции кои треба да одат против Приштина и Курти, и се обидуваат да прават будали од другите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…