Објавено на:

Иран и Пакистан организираат состанок на муслиманските земји поради убиството на Ханије

t

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на министрите за надворешни работи на членките на Организацијата за исламска соработка (ОИС), кој ќе се одржи во Саудиска Арабија. Средбата е свикана поради убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран.

Состанокот, кој ќе се одржи во крајбрежниот град Џеда, „ќе се фокусира на злосторствата на израелската окупација и атентатот на Ханије“, соопшти ОИС, со седиште во Саудиска Арабија.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран побарал состанок заедно со Пакистан. ОИС, кој има 57 исламски членки, се претставува како глас на муслиманскиот свет. За разлика од Арапската лига, ОИС вклучува и влијателни неарапски држави, како Иран, Пакистан и Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец пронајден починат во неговиот дом

„На 20.06.2025 во 13:20 часот во СВР…

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола…

РЕК Битола веќе неколку дена е во…

Израел: Соборивме 40 ирански беспилотни летала

Израелските воздухопловни сили соборија 40 ирански беспилотни…

Европски фронт: Горчлива реалност на изминатата година…

„Ја одразуваме горчливата реалност на изминатата година…