Тешка сообраќјна несреќа во Струга

t

На 5-ти август 2024 година, во 22:00 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Струга се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 53-годишно лице од струшкото село Заграчани, и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од 26-годишно лице од струшкото село Велешта. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предложен притвор за 20-годишникот фатен во акцијата…

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…

Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско…

На 15.10.2026 на Граничниот премин Долно Блаце,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Ученици од Скопје биле нападнати додека шетале…

Група ученици од Скопје биле нападнати во…