Опозицијата со ист став – Мицкоски има поддршка за избор на нов спикер: СДСМ бара итна смена на собранискиот спикер Африм Гаши, Левица му поднесе интерпелација!
СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски за итна смена на претседателот на Собранието, Африм Гаши, по инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, во кој учествуваше неговиот шеф на обезбедување кој доби кривична пријава и отстранување од работното место.
Портпаролката на СДСМ, Кузеска вели дека како партија го повикуваат обвинителството да покрене постапка и го повика премиерот Христијан Мицкоски да излезе во јавност и да побара политичка одговорност од Гаши.
„Овој случај не може да се смета за затворен додека сите инволвирани во него не понесат одговорност. Институциите се должни итно да започна постапки. На Мицкоски му порачуваме наместо да се нуди да биде ексорт на ВИП личности на скопскиот аеродром, да обезбеди почитување на правото кое него вади од уста. Нека го доведе Гаши до одговоност за случајот“, изјави Кузеска.
Таа вели и дека не е доволно што ВМРО-ДПМНЕ побарало одговорност само од извршителот, а не и од нарачателот и кажа дека министерот Тошковски на овој начин „удира по самарот“ и го штити спикерот, на сметка на неказнивост, самоволие и непочитување на македонските закони.
„Според извештајот на МВР стои дека „Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание“ и дека „Санкциите кон обезбедувачот и другите вработени во МВР, дел од обезбедувањето на Гаши се поради извршување незаконска наредба“, рече Кузеска.
Претпладнево на прес-конференција во Собранието, претседателот на Левица, Димитар Апасиев информираше дека пратеничката група на партијата денеска поднела интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Африм Гаши поради тоа што воведувал непринципиелни политики во Собранието.
Тој кажа дека очекува интерпелацијата да се најде на дневен ред на седница по летните одмори, односно на почетокот на септември, а интерпелацијата е заснована на седум точки кои се образложени на десет страници.
„Првите две точки се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром пред пет дена во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши“, рече Апасиев.
Дополнително, како останати основи Апасиев ги наброја и повредата на употребата на македонскиот јазик затоа што Гаши, како што вели тој, свесно го истиснува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и воведува илегална двојазичност дури и за пратениците кои се Македонци, потоа повреда на правила за употреба на државните инсигнии, повреда на начелото на инкомпатибилност на функциите како и повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам.
„Сметаме дека со тоа што сопругата на Гаши патуваше со него во Вашингтон повреден е Законот за спречување на корупција и е направена тешка дисциплинска повреда на етичкиот кодекс за пратениците… и последниот основ е повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците поради тоа што не се почитуваат императивните рокови за закажување седници, поради тоа што продолжува лошата пракса на шверцување закони по скратена постапка и поради тоа што не се обезбедени низа деловнички гаранции за нормално функционирање на пратениците“, кажа лидерот на Левица.
Тој рече и дека се уште стојат на јавниот повик до ВМРО-ДПМНЕ дека стојат на располагање за избор на нов човек од нивната пратеничка група за кој ќе дадат бланко поддршка и дека очекува пратениците да ја изгласаат нивната интерпелација за работата на Гаши.
Инаку, вчера началникот на Одделението за лично обезбедување на претседателот на Собранието Африм Гаши доби кривична пријава и беше отстранет од работното место по инцидентот што се случи во четвртокот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение дека лицето С.С сторило две кривични дела – загрозување на сигурноста по член 144 од КЗ и спречување службено лице во вршење службено дејстиве по член 382 од КЗ.
„Пријавениот С.С. на 1.8.2024 г. околу 10:30 часот на Меѓународен аеродром ‘Скопје’ на паркингот пред ВИП-салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП-салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на своите службени дејствија“, се вели во соопштението.
Шефот на обезбедувањето на Гаши доби кривична пријава и е отстранет од работното место по инцидентот на скопскиот аеродром
Вчера, на новинарско прашање дали инцидентот на Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе ги влоши односите помеѓу двете земји, премиерот Мицкоски рече дека два вакви слични инциденти се случиле и на 16 септември и 9 октомври минатата година, а разликата помеѓу тогаш и денес е што сега, според него, постои јавност која е информирана за разлика од минатото кога овие два случаи не биле обзнанени. Иако не сакаше да навлегува во детали за тоа што точно се случувало минатата година, Мицкоски рече дека постојат политичари кои сакаат да спечалат ситни политички поени и кои ќе се обидуваат и во иднина да влијаат негативно во меѓусебните односи помеѓу владите на двете земји, но дека нема да успеат.
„Слушав изјави дека се црвенееле некои политичари, ова не требало да се случи но истите тие претпоставувам се црвенеат од 2023 година зашто два вакви слични инциденти се случиле и на 16 септември и 9 октомври се случиле овие инциденти, кога овие политичари кои тогаш биле власт, а сега се црвенеат. Разликата е сега што има јавност, а тогаш немаше. Бидејќи оваа влада е демократска, транспарентна и не е како таа претходната која беше по принципот ‘како досега’“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опозицијата со ист став – Мицкоски има…
СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски…
(Фото) „Ти оставаш зад себе планина и…
Потресни објави на социјалните мрежи во кои…
Шојгу: За помалку од два месеци Украина…
Според податоците на Министерството за одбрана на…
Вулин пристигна во Пребиловце и покрај забраната…
Вицепремиерот на Србија Александар Вулин, кому властите…
УХМР со најави за локално невреме, еве…
Времето до крајот на денов сончево и…