Колку пари загуби Пандов по падот на Биткоинот?

t

Меѓу функционерите од подолните ешалони, новопоставениот директор на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, се издвојува со својот имот.

Пандов во својот анкетен лист до ДКСК пријавил две куќи – една во Кисела Вода и друга во Зелениково, со вкупна вредност од 70 милиони денари (приближно 1,2 милиони евра). Дополнително, тој поседува станбена зграда во Кисела Вода вредна 20 милиони денари, како и една шестина од друга зграда во истиот дел.

Она што го издвојува Пандов од останатите функционери е пријавата дека поседува 10 биткоини, кои ги купил во 2016 година. Денес, според анкетниот лист на Пандов, тие 10 биткоини вредат 37 милиони денари (приближно 600.000 евра).

Пандов исто така пријавил злато, уметнички слики и часовници со вкупна вредност од 4 милиони денари, три моторцикли, еден автомобил и оружје.

Александар Пандов е поранешен пратеник и во последните години го води Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. Овие податоци ја истакнуваат неговата финансиска состојба и материјална позиција пред да ја преземе новата функција.

Овие анкетни листови откриваат дека новите функционери влегуваат во владата со значителен имот, што го привлекува вниманието на јавноста и медиумите.

Вчера пазарот на криптовалути имаше катастрофален пад, а биткоинот падна за 13%, паѓајќи под 50.000 долари за кратко време, најмногу во еден ден од 2022 година.

Пазарите на криптовалути „ослободија“ 270 милијарди долари за само 24 часа. Нов потсетник дека биткоинот е ризично средство го забележа својот најголем еднодневен пад – 13 отсто од затворањето во неделата наутро, во еден момент под 50.000 долари, најголемата загуба во еден ден од ноември 2022 година.

Вредноста на Биткоин утрово е 55.855 долари.

Последен пат беше на ова ниво во февруари 2024 година, додека неговиот историски максимум беше 64.800 долари во април 2021 година. Ethereum помина уште полошо – во еден момент изгуби дури една четвртина од својата вредност.

Oтприлика во апсолутна вредност во пари Александар Пандов загуби 150 илјади евра за неколку денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари загуби Пандов по падот на…

Меѓу функционерите од подолните ешалони, новопоставениот директор…

Опозицијата со ист став – Мицкоски има…

СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски…

(Фото) „Ти оставаш зад себе планина и…

Потресни објави на социјалните мрежи во кои…

Шојгу: За помалку од два месеци Украина…

Според податоците на Министерството за одбрана на…

Вулин пристигна во Пребиловце и покрај забраната…

Вицепремиерот на Србија Александар Вулин, кому властите…