Владата го усвои ребалансот на Буџетот

t

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог Буџет на Република Македонија за 2024 година.

Со овој ребаланс се предвидуваат пари за покачени пензии, повисоки плати во повеќе институции. Средства за реализација на капитални проекти во општините, како и вработувања на 300 нови специјализанти во здравството како дел од проектот за вработување на 600 нови специјализанти, прифатени амандмани во износ од 350 милиони денари. 

Со дополнувањето кое ќе се достави на усвојување во Собранието се обезедија надополнувања во:

Државната изборна комисија во износ од 350,2 милиони денари, 147 милиони денари за набавка на опрема во Инспекциски совет, 60.000.000 денари во МВР  за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони  денари се наменети за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138.000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител.

Со Ребаланс на Буџет се обезбедуваат:

– 4,1 милијарда денари дополнителни средства за исплата на плати. Средства потребни за реализација на преземените обврски за зголемувањето на платите согласно потпишаните колективни договори и законските решенија кои беа донесени по усвојување на Буџетот за 2024 година и тоа:

• Колективниот договор на УКИМ и измената на законите за високо образoвание и научно истражувачката дејност,

• Усогласување со минималната плата за вработените каде минималната плата претставува компонента на основната плата

• Усогласување на платите според индексот на трошоци на живот за првите шест месеци од годината, согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор и ова право ќе биде исплатено со септемвриската плата на вработените

– 5,1 милијарди денари дополнително за исплата на пензии и обезбедување подобар и поквалитетен живот на највозрасните граѓаните. 

Дополнително обезбедени се уште:

– 1 милијарда денари за ТИРЗ,

-за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни 1,7 милијарди денари.

– за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии.

– за блок дотации планирани се дополнителни средства од 300 милиони денари.

– 800 милиони денари за исплата на камати кон домашни и меѓународни кредитори

5,1 милијарда денари за исплата на активирани гаранции по основ на задолжувања на ЈП и АД во државна сопственост, како и дополнителни средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…

Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…