Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче од Косово пронашло паричник со 2.500 евра и го однело во полиција
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник со иницијали Б.А како добар пример откако тој пронашол полн паричник со 2.500 евра и документи и ги предал во Полициската станица во Србица (Скендерај).
Според објава на косовската полиција, на социјалната мрежа Фејсбук, паричникот е предаден на сопственикот и вратена му е целата сума.
„Полицијата го идентификувала и верификувала лицето на кое му припаѓал паричникот и му го вратила паричникот со парите и документацијата“, се наведува во соопштението.
Исто така, Регионалната управа на полицијата во Јужна Митровица им се заблагодарува на граѓаните за довербата и совесното постапување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…
Марта Кос за министерката што рече „етнички…
Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…