Повторно висока инфлација

t

Инфлацијата се повеќе ги „јаде“ парите на граѓаните и никако да падне под 3%. Според државната статистика, и натаму поскапуваат храната, здравството, транспортот. Во однос на истиот месец лани, најмногу се поскапени угостителските услуги. По двомесечниот пад на трошоците, сега и на месечно ниво трошоците за живот се зголемени за 0,7%. Најголемиот дел од семејниот буџет оди за јадење.

Економистите апелираат на внимателно трошење на државните пари.

Во меѓувреме, Владата го усвои предлог-буџетот за 2024 година и се очекува да биде одобрен на пленарна седница.

Според министерката за финансии, со прекројувањето на касата ќе има повисоки плати во јавниот сектор, повеќе пари за пензии, за здравството, финансии се обезбедени за бизнисот, за земјоделството, студентите и општините.

Ребалансираниот буџет ќе тежи рекордни 5,8 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наводи за нов напад врз саудискиот нафтовод…

Се појавија непотврдени информации за нов напад…

Вештачката интелигенција го поттикнува фабричкиот раст, но…

Инвестициите во вештачка интелигенција ја поттикнуваат производствената…

Иран постави услови за отворање на Ормускиот…

Иран порача дека Ормускиот Теснец нема да…

Вселенската патријаршија: Договорот меѓу Грција и Бугарија…

Вселенската патријаршија го поздрави договорот меѓу Грција…

ЦУК: Регистрирани 46 пожари на отворен простор…

Вкупно 46 пожари на отворен простор се…