Дали интерпелацијата за Гаши „се изгуби по собраниските ходници“ – кога ќе биде ставена на дневен ред?
До сега нема никакви информации за интерпелацијата за работата на собранискиот спикер, поднесена од Левица. Дали материјалот е пристигнат до пратениците, кога ќе биде ставена на дневен ред, се уште не се знае, иако со Деловник е предвидено интерпелацијата да се стави на првата наредна седница, 15 дена откако материјалот ќе им биде доделен на пратениците.
Инцидентот на скопскиот аеродром, во кој телохранителот на Гаши си заработи кривична пријава, отвори терен за политички препукувања. СДСМ постапувањето на Гаши го оценува спротивно на законот, а за премиерот Христијан Мицкоски од партијата велат дека клекнал пред претседателот на Собранието.
„Мицкоски коленичи пред Гаши и ова е жално за гледање. Ниту СДСМ ниту било кој друг не напиша јасно во полицискиот извештај дека е издадена „незаконска наредба од странана Претседателот на Собранието. Го повикуваме Мицкоски да е одважи и да го смени Гаши. Само така ќе го докаже својот збор дека ќе има одговорност и за политичарите“, велат од СДСМ.
Од коалицијата ВЛЕН велат дека Левица како „продолжена рака“ на ДУИ и СДСМ ја покренала интерпелацијата за тестирање на стабилноста на мнозинството.
„Целта секако не е да се заштитат дипломатските односи со Косово или Охридскиот договор. Целта е да се предизвика политички земјотрес. Зошто? Да се тестира владиното мнозинство и да се види дали опозицијата може да најде заеднички интерес да дејствува заедно“, велат од ВЛЕН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали интерпелацијата за Гаши „се изгуби по…
До сега нема никакви информации за интерпелацијата…
Четиринаесетгодишно девојче побегнало од дома со друг…
Ноќеска во 01.00 часот во ОВР Прилеп,…
Планирани над 100 антиисламски протести и 30…
Британската полиција се подготвува за вечерашните нови…
Тошковски удри по самарот, Гаши нѐ направи…
Претпоставувам дека ја знаете народната поговорка „кога…
(Видео) Ангелов: Два нови пожари ги вознемирија…
Два нови пожари кои денеска избувнале кај…