Преку демократски механизми ќе настојуваат да се почитува волјата на народот, не исклучуваат протести наесен – ЦП на ДУИ на состанок во Мала Речица
Ќе ги искористат сите демократски механизми, а не е исклучена и можноста за одржување на протести. Ова е одговорот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на изјавите на премиерот и министерот за внатрешни работи, дека раководството на партијата подготвува дестабилизација на земјата на есен.
Велат дека ќе настојуваат да се почитува волјата на граѓаните, но и владата да го почитува етничкиот легитимитет, без да наведат конкретни мерки кои планираат да ги преземат.
Од ДУИ додаваат дека за таа цел ќе се консултираат со членството, со домашни, но и странски експерти, а го ангажирале и авторот на Охридскиот рамковен договор, затоа што, како што велат, договорот за внатрешното уредување на малцинските права во земјава различно се толкува, а поради тоа се доведени во оваа ситуација.
Предлогот за ветинг на сите функционери, во изминатите 30 години, беше тема и на денешниот состанок на Централното претседателство на партијата, а на дневен ред е ставена и годишнината од Охридскиот рамковен роговор и нејзино одблежување.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, денес порачаа дека доаѓа време за одговори и одговорност и дека ниеден обид за дестабилизација на демократијата нема да успее. Портпаролката Марија Митева рече дека двете најголеми опозициски партии пред да зборуваат за меѓународен ветинг, треба да имаат домашна одговорност за сторениот криминал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…