Лишен од слобода маж од велешко поради предизвикување пожар

t

На 07.08.2024 во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од с.Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 06.08.2024 околу 12.00 часот предизвикал пожар во реонот на с.Папрадиште кон с.Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело  „предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за илегална продажба на околу еден…

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за…

Судијка од Велес времено делегирана во Судот…

Со одлука на Судскиот совет, судијката Емине…

Мицкоски најави влегување на македонскиот пазар на…

Фармацевтската швајцарска компанија „Ронтис“ изразила желба да…

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Четиринаесетгодишник денеска се здобил со тешки повреди…

Пронајден мртов планинарот кој исчезна кај Велес

Планинарот Стојче Пецевски од Велес, кој синоќа…