ДУИ и со соопштение бара веднаш да почне меѓународно мониториран ветинг

t

По централното претседателство на ДУИ во партиското седиште во Мала Речица од каде порачаа дека не е исклучена можноста за протести наесен во рамки на демократските механизми кои им стојат на располагање, денеска од партискиот штаб уште еднаш преку соопштение повикуваат веднаш да започне меѓународниот мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години.

– Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата. Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години. Овој процес треба да биде транспарентен и независен, со вклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правда и доверливост. – велат од ДУИ.

Пораките на опозициската ДУИ предизвикаа реакции во владејачкиот блок. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека партијата на Ахмети не може да се помири со тоа што не се повеќе власт и не може да вртат милионски бизниси на грбот на државата.

За коалициониот партнер на Илинденска ВЛЕН последните чекори на ДУИ значат дефокусирање за да се избегнат темите за корупциски скандали и одговорност за време на 22-годишниот режим.

– Политичките неуспеси, оркестрираната корупција и незаконското богатење не можете да ги покривате ниту со пропагандни изјави, ниту со купување експертиза, ниту со создавање политички ситуации. Или со други зборови, ниту со Охридскиот договор ниту со промоција на нови договори! Потсетуваме дека ги изгубивте изборите токму поради ширење демагогија, бидејќи додека зборувавте за интеграција во ЕУ, вашите антидемократски постапки беа клучната причина што ја држеше земјата во заложништво од интеграциите. Народот разбра дека со изјави за ЕУ ги штитите вашите фотелји и џебови, а сега со изјави за легитимитет штитите функционери потопени во корупција да се соочат со правдата.- велат од ВЛЕН.

Прашањето за наводната дестабилизација се покрена по изјавата на премиерот Мицкоски – подоцна поткрепена од страна на министерот за внатрешни работи Тошковски дека ДУИ подготвува план за безбедносна дестабилизација. Засега ова прашање ги бранува само партиските штабови без свикување итен Совет за безбедност или подигнување на нивото на готовност, ниту реакција од меѓународната заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривичен ја одби жалбата за притвор на…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…