Украинската амбасада бара од Мексико да го уапси Путин кога ќе дојде на инаугурацијата
Амбасадата му се заблагодари на Мексико што го поканиле претседателот на Украина Володимир Зеленски на церемонијата.
„Веруваме дека мексиканската влада ќе ги исполни своите меѓународни обврски и ќе го уапси Путин по налог и ќе го предаде на судот во Хаг“, додаваат од амбасадата, пренесува Киев Индипендент.
Во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин под обвинение за наводни воени злосторства, како и за наводна присилна депортација на украински деца во Русија, по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Идниот министер за надворешни работи на Мексико, Хуан Рамон де ла Фуенте, рече дека е „вообичаен протокол“ да се поканат на инаугурацијата сите лидери на земјите со кои Мексико има дипломатски односи, вклучувајќи ги Русија и Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни девет пожари, најголемиот на територија на…
Од вкупно 40 пожари регистрирани во текот…
(Видео) „Држам говор, ако го сакате Трамп,…
Најверојатната демократска кандидатка за претседателските избори во…
(Фото) ПСС Охрид денеска во спасувачка мисија…
Членовите на Планинската Спасителна Служба при Црвен…
Украинската амбасада бара од Мексико да го…
Амбасадата му се заблагодари на Мексико што…
Гази Баба: Жена го претепала сопругот, го…
Вчера во 01.30 часот во СВР Скопје,…