Објавено на:

Нобеловецот Мухамед Јунус положи заклетва како шеф на преодната влада на Бангладеш

t

Јунус (84) беше предложен за лидер на преодната влада од студентските демонстранти, а тој од Париз во Дака, каде беше на лекување, се врати денеска

Студентските протести кои ја соборија досегашната премиерка Шеиха Хасина следеа по протестите против владините квоти за работни места кои се разгореа во јули, што предизвика насилно задушување кое наиде на глобална критика, иако владата негираше дека употребила прекумерна сила

Нобеловецот од Бангладеш, економист и банкар, Мухамед Јунус денеска положи заклетва како шеф на новата преодна влада на Бангладеш, три дена откако премиерката Шеиха Хасина беше принуден да поднесе оставка и да ја напушти земјата поради насилните протести, пренесе дневник.хр.

Јунус (84) беше предложен за лидер на преодната влада од студентските демонстранти, а тој од Париз во Дака, каде беше на лекување, се врати денеска.

„Земјата има можност да стане многу убава нација. Каков пат и да ни покажат нашите студенти, ние ќе го следиме“,изјави Јунус.

Студентските протести кои ја соборија досегашната премиерка Хасина следеа по протестите против владините квоти за работни места кои се разгореа во јули, што предизвика насилно задушување кое наиде на глобална критика, иако владата негираше дека употребила прекумерна сила. Протестите беа поттикнати и од тешките економски услови во земјата и политичката репресија.

Јунус ја доби Нобеловата награда за мир во 2006 година како основач на концептот за микрокредитирање – кредитни линии за сиромашните кои не ги исполнуваат условите за класичните кредити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нобеловецот Мухамед Јунус положи заклетва како шеф…

Јунус (84) беше предложен за лидер на…

Бангладеш ќе го назначи нобеловецот Јунус за…

Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин треба да…

Студентите демонстранти бараат нобеловецот од Бангладеш да…

Студентските демонстранти од Бангладеш денеска најавија дека…

Демонстрантите во Бангладеш упаднаа во палатата на…

Демонстрантите во Бангладеш упаднаа во палатата на…

Во удари од гром во Бангладеш за…

Експертите за клима од Бангладеш бараат поголема…