Неделков: Изјавата на министерката за платите не значи дека СОНК се откажал од своето барање

t

Изјавата на министерката за образование и наука за зголемување на платите во образованието од 10 до 12 проценти од март 2025 година не е усогласена со ставовите на СОНК, соопшти Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура.

Во објава на неговиот Фејсбук профил, Неделков вели дека го информира членството на СОНК и останатата заинтересирана јавност дека содржината на изјавата на министерката Весна Јаневска не е договорена со СОНК.

– Точно е дека двапати имавме конструктивна средба и ставовите на СОНК беа јасни: почитување на Закон и Колективен договор, од каде произлегува и барањето за усогласување на платите во основно и средно образование за 12,15 отсто. Тоа што од страната на министерката беше кажано дека нема материјални можности оваа година, не значи дека СОНК се откажал од своето барање, напиша Неделков на Фејсбук.

Во наредниот период очекува, како што вели, „повторно средба со надлежните во државата и решавање на настанатата ситуација“.

– Го замолувам членството на СОНК да не подлегнува на смислена провокација и обид за разбивање на единството во СОНК од поединци и групи, се со цел за нивно лично или колективно профитирање.
СОНК останува единствената организација која се грижи за правата и интересите на своите членови, напиша лидерот на СОНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…