Објавено на:

Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен

t

Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен, јави ДПА.

Овие гаранции дојдоа откако беше спречен обид за бомбардирање на исламисти поврзани со трите концерти на Тејлор Свифт во Виена. Самите концерти беа откажани.

Портпаролот на полицијата во Минхен изјави дека ситуацијата се проценува, имајќи го предвид она што се случи во Виена. Доколку се појават конкретни ризици, тогаш полицијата ќе реагира на тоа, додаде тој.

Концертите на Адел се на стадион со капацитет од 73.000 гледачи.

Досега Адел има одржано два концерта во Минхен. Првиот коцерт беше на 2 август. Следниот концерт е вечерва, а другиот утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…