Македонци од Виена: „Не треба да носиме маички со Тејлор Свифт“

t

Голем број граѓани од Македонија купија карти и заминаа во Виена за да ги следат настапите на Тејлор Свифт. Дел од оние кои заминаа за Виена на концерт за Мета.мк сведочат дека вчера околу стадионот имало многу полиција, но не знаеле што се случува.

„На стадионот имаше премногу луѓе уште 24 часа пред концертот, имаше полиција, но не помисливме дека се случува нешто сериозно. Ние отидовме до таму за да купиме маички кои се произведени за турнејата. Разочарани сме што се откажа концертот, но истовремено сме благодарни што се откри опасноста“, сведочи 21-годишната Искра од Скопје.

Таа вели дека денеска градот е раздвижен и дека нема полиција, но биле советувани да не носат маички или друга облека на која ја има Тејлор Свифт, нејзини фотографии или слични обележја.

Шефот на виенската полиција изјави 65.000 луѓе требало да ги посетуваат концертите дневно.

На сите што купиле влезници, парите ќе им бидат автоматски вратени, соопштија организаторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…