Смртоносна зараза се шири во светот, тревога кај здравствените власти
Смртоносниот вид на мајмунска сипаница е потврден во четири земји во Африка, што предизвика тревога кај здравствените власти ширум светот.
Во Демократска Република Конго, мајмунските сипаници надминаа 14.000 пријавени случаи и 511 смртни случаи. Болеста се прошири во четири соседни земји кои претходно немаа пријавени случаи, соопшти Светската здравствена организација. Тоа се Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда.
Претставници на СЗО рекоа дека планираат наскоро да свикаат комитет за итни случаи за да утврдат дали епидемијата е вонредна состојба за јавно здравје од меѓународнo значење, пренесува Си-Ен-Ен.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), исто така, во средата издаде здравствен совет за справување со „ризикот од понатамошно ширење“, препорачувајќи лекарите да одржуваат „зголемен индекс на сомневање за мајмунски сипаници“ кај луѓето кои неодамна патувале во Конго или земји кои се граничат со неа.
Мајмунска сипаница е заразна болест која лесно се шири меѓу луѓето и заразените животни.
Според СЗО, болеста може да се пренесе преку близок контакт, како што се допирање, бакнување или сексуален однос, но и преку заразени материјали како постелнина, облека и игли.
Симптомите вклучуваат треска, болен осип, главоболка, болки во мускулите и грбот, недостаток на енергија и зголемени лимфни јазли.
Со децении, болеста главно беше присутна во централна и западна Африка, но почна да се шири и во Европа и Северна Америка во 2022 година.
мајмунски сипаници
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Смртоносна зараза се шири во светот, тревога…
Смртоносниот вид на мајмунска сипаница е потврден…
Путин разгледува одговор на Русија на офанзивата…
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за ситуацијата…
УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе…
Времето во следните денови ќе биде сончево…
Обид за убиство во Куманово, се скарале…
На 08.08.2024 СВР Куманово до Основното јавно…
Пентагон: Украинците може да го користат нашето…
Пентагон повтори дека украинскиот напад во руската…