Доколку не сака да заврши како СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ да престане да го штити Гаши од одговорност
Доколку не сака да заврши како СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ да престане да го штити Гаши од одговорност, велат од политичката партија Левица.
– Еднаквоста и одговорноста пред законите кои Мицкоски ги ветуваше во предизборната кампања се претворија во фарса кога е во прашање одговорноста пред законите на собранискиот спикер Африм Гаши! Коалициониот партнер на ДПМНЕ, не побара ниту сто дена за да почне со газењето на Уставот, Законите и Деловникот на Собранието во повеќе наврати!
Поради ова Левица е децидна дека Африм Гаши повеќе нема интегритет да ја врши функцијата претседател на Собранието и поднесе интерпелација по основ на седум точки:
1. Повреда на секуларноста на државата;
2. Повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности;
3. Повреда на употребата на македонскиот јазик;
4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии;
5. Повреда на начелото на инкомпатибилност на функциите;
6. Повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам;
7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците!
Најавите и изјавите на ДПМНЕ дека нема да гласаат за Интерпелацијата за спикерот Африм Гаши поднесена од Левица, докажуваат дека наместо промена, народот доби замена, односно продолжување на полтронските политики.
ДПМНЕ наместо да научи и да не ги повторува грешките и понизниот однос на распаднатата СДС кон помалиот коалиционен партнер – тие жестоко и неаргументирано го бранат Гаши во очи на јавноста која е свесна за низата случувања кои се поистоветуваат со башибозлукот на претходната владејачка гарнитура.
Со цел да го спречиме самоволието и безредието и погазувањето на државата кое го воведува новиот собраниски спикер, потсетуваме дека како партија стоиме на располагање и даваме бланко поддршка на пратениците од ДПМНЕ за смена на Претседателот на Собранието и избор на нов човек, од нивната пратеничка група.
Левица го повикува Мицкоски и пратениците на ДПМНЕ да престанат да ги штитат антидржавните и косовски елементи во сопствената коалиција и Влада! – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Застануваме зад Сара и нејзиното семејство, одлуката…
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го…
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…