Јаневска се извини за „лошо срочената изјава“ за учебниците по странски јазик
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска ѝ се извини на јавноста за вчерашната, како што вели, лошо срочена изјава околу учебниците за странски јазик и начинот на учење. Јаневска информира дека тендерот за овие учебници е поништуван, а последниот е во постапка на жалба, па оттаму нема да има нови учебници по овие предмети во новата учебна година.
-Со години ги нема. Тој тендер е многу пати е поништуван и има приговори. Се додека не заврши постапката, јас не можам да објавам нов тендер. Во образованието ништо нема евтино и станува збор за огромни суми на пари, кажа Јаневска во изјава за медиумите.
-Не дообјаснив како што треба. Не станува збор за странските јазици. Станува збор за култура и јазици на заедниците. Се разбира дека граматика треба да се учи по наставни програми и учебници, но во однос на учебниците за јазик и култура на заедниците, потенцирам дека најголем дел од тие учебници, Бирото не ги одобрил заради неквалитет на понудените учебници и сакав да кажам на пример дека во понудените учебници се повторува материјал кој децата го учат во својот мајчин јазик, како дефиниција за именка, заменка, предлог. Кога се учат јазиците на заедниците, треба да се фокусираме на комуникативниот јазик, кажа Јаневска.
Голем интерес во јавноста предизвика вчерашната изјава на Јаневска, која рече дека тоа што од септември нема да има учебници за странски јазици нема да биде проблем, бидејќи децата учат јазици од серии. Поентата е, кажа таа, да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечна оценка од државната матура е 3,66,…
Просечната оценка од полагањето на матурата во…
Јаневска најави можно затворање на универзитети во…
Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…
Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…
Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…
Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…
По скратена постапка денес во Собранието беа…
Јаневска: Доколку не вложуваме во вештачката интелигенција…
Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е…