Левица: Пратеникот Исмаил положи цвеќе во чест на убиените бранители кај Љуботенски Бачила

t

Два дена по масакрот кај Карпалак, а три дена пред потпишувањето на погубниот Охридски рамковен договор, при прогласено примирје и прекин на огнот се случува масакрот кај Љуботенски Бачила. На денешен ден, пред 23 години, во осум часот наутро, кај месноста Љуботенски Бачила, воен камион на АРМ полн со муниција нагазил на две противтенковски мини при што загинуваат осум припадници на резервниот состав на АРМ, сите од Скопје, а осуммина војници биле повредени, велат од Левица.

„По тој повод, утрово, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – ХАКТАН, заедно со членови од Левица – Ѓорче Петров положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред спомен обележјето на загинатите бранители во Волково, а делегација предводена од модераторот на Левица – Бутел, Дарко Димовски, оддаде почит и положи цвеќе на споменикот на бранителите во село Љубанци.

Некои од нас беа дел од воениот конфликт, некои беа родени во виорот на војната, но сите заедно 23 години го имаме истиот горчлив вкус – нивните положени животи се наша обврска! Во таа насока, како политичка партија, Левица, во рамките на своите засегашни можности, преку дела и конкретни чекори докажува дека бранителите не ги заборава и се залага тие никогаш да не се заборават. Иницијативите поднесени од Левица на бранителите и нивните семејства им донесоа низа бенефити и ослободувања.

Животот го загубија: Томе Бадаревски (33), Марјанчо Бошковски (28), Томе Димовски (37), Ивица Златевски (24), Бранко Јанев (36), Раде Јанковски (32), Томислав Настевски (27), Гоце Чанкуловски (39). Вечна им слава на јунаците кои животот го дадоа за Македонија! На нивната храброст и патриотизам, терористите ја спротивставиле својата злоба, подлост и кукавичлук! Вечен срам за предавниците кои ги амнестираа терористите! Вечен непребол и незаборав, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Пратеникот Исмаил положи цвеќе во чест…

Два дена по масакрот кај Карпалак, а…

Главниот осомничен сакал да влезе со својот…

Главниот осомничен за планирање на нападот на…

Полицијата трага по 18-момче од Куманово

И.Ќ. (51) од Куманово вчера во 22.30…

(Видео) Човекот кој не го пуштија да…

Десетина патници биле спасени оти чекале на…

Приведени четворица во Србија осомничени за планирање…

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ…