Ковачевски му честита на македонскиот маратонец Ивановски: Уште пред седум години бев убеден дека Дарио е идниот македонскиот олимписки херој
Дарио Ивановски беше првиот македонски маратонец кој истрча на Олимписките игри во историјата на Република Македонија по тој повод на фејсбук се огласи и екс-премиерот, Димитар Ковачевски кој потенцираше дека и покрај повредата Ивановски истрча одлично време и ја направи Македонија горда.
-Големо браво за Дарио Ивановски и неговиот успех да биде првиот македонски олимписки маратонец. И со повреда истрча одлично време, не се откажа и не направи сите горди. Уште пред седум години бев убеден дека Дарио е идниот македонскиот олимписки херој. Честитки и за посветеноста на неговиот тренер Игор, напиша на Фејсбук екс-премиерот Димитар КОвачевски.
Како што напиша Ковачевски, пред седум години компанијата со која тој раководеше ВИП ја започна соработката со државниот рекордер во атлетика Дарио Ивановски.
Тогаш 20 годишниот Дарио го постави новиот државен рекорд на 3000м на атлетскиот митинг кој се одржа во Нови Сад, Србија. Со резултатот од 8.17.92 го сруши рекордот стар 25 години на македонската легенда Јонуз Јонузи. За само две сезони Дарио постигна рекорд на 1000метри, на 3000метри во сала и 3000метри на отворено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арагчи: На секоја нова воена акција Иран…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Сајбернапади врз јужнокорејски банки: претседателот нареди сеопфатна…
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг нареди темелна истрага…
Иран соопшти дека нема да ја отвори…
Иран нема да ја отвори Ормуската теснина…
AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат…
Поддршката за десничарската „Алтернатива за Германија“ (AfD)…
Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…