Објавено на:

Британскиот премиер се откажа од семејниот одмор поради немирите во земјата

t

Новиот британски премиер Кир Стармер, кој ја презеде функцијата по победата на неговата Лабуристичка партија на парламентарните избори во земјата на почетокот на минатиот месец, го откажа планираниот одмор поради немирите во Велика Британија, јави ДПА.

Се очекуваше Стармер овој викенд да замине на одмор во Европа со своето семејство. Наместо тоа, тој ќе работи до крајот на следната недела во својата канцеларија на Даунинг стрит 10, како и во премиерската резиденција во Чекерс.

Стармер изјави дека полицијата треба да остане во состојба на висока готовност во текот на викендот, иако засилената реакција на органите за спроведување на законот и брзото изрекување на казните на демонстрантите помогнаа да се подобри ситуацијата.

Насилството ја потресува Велика Британија повеќе од една недела како прв голем внатрешен политички тест за новата лабуристичка влада. На немирите му претходеше убиство на три деца од страна на млад мигрант чии родители се од Руанда во градот Саутпорт, северозападна Англија.

Повеќе луѓе вчера се појавија на суд во врска со неодамнешните немири, кога се одржаа протести против расизмот во голем број градови во Велика Британија, вклучувајќи ги Единбург и Белфаст. Само во главниот град на Северна Ирска на улиците излегоа околу 15.000 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Франција клучни за европската одбрана,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Шест од десет Британци сакаат државата да…

Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…

Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…

Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…

Грција меѓу омилените дестинации за одмор на…

Жителите на ЕУ во 2024 година направиле…

Кралот Чарлс за нападот во воз кај…

Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…