Скопјанец приведен за изнуда – кај него пронајдени обележаните евра
На 10.08.2024 година од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција од слобода е лишен Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик – “изнуда”.
Имено, на 08.08.2024 година, од страна на оштетениот, 39 годишно лице во Министерство за внатрешни работи било пријавено дека подолг временски период Д.М. со закани се обидувал од него да изнуди непостоечки долг во висина од 16.500 евра во име на трето лице. Според пријавата оштетениот на 11.08.2024 година во кафе бар во Скопје требало да му ја даде првата рата, односно 7.000 евра.
По добиени насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, извршена е крим техничка обработка на паричните средства при што вчера (10.08.2024), при предавање на наводниот долг од страна на полициски службеници од Единицата за Интервентна полиција лицето е лишено од слобода и кај него се пронајдени обележаните 7.000 евра. По добиена наредба од Основен суд Скопје извршени се претреси во домот и други простории на осомничениот.
Против Д.М. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело “измама”. Од страна на Судија за претходна подтапка на лицето му се одредени мерки за претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец приведен за изнуда – кај него…
На 10.08.2024 година од страна на полициски…
Мерките на владата за топлотниот бран ќе…
Поради најавениот интензитет и траење на топлониот…
Д-р Митов: Ние сме измалтретиран народ –…
Не учествувам во наметнати дебати. Не земам…
Струга го брани тронот, Шкендија и Шкупи…
Одморот заврши, денеска почнува новата сезона во…
Хансен оди во пензија со златен медал
Ракометарите на Данска одиграа неверојатен натпревар против…