Хаос во Скопје: Пријавени четири физички пресметки за едно деноноќие

t

На 10.08.2024 година во 10.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.В.(20) и С.М.(36) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Истиот ден во 18.20 часот, постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле службен разговор со М.С.(55) од Скопје, затоа што на 09.08.2024 година околу 17.15 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал својата вонбрачна 46-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Т.(44) и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден во 23.00 часот во СВР Скопје, Е.Т.(34) од село Идризово, скопско, пријавила дека истиот ден околу 21.10 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од С.С.(55) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР за еден ден регистрира три случаи…

Во СВР Скопје завчера во 23.50 часот…

Зеленски: Русија веројатно користела севернокорејска ракета во…

Руските сили веројатно користеле севернокорејска ракета во…

Мотоциклист тешко повреден на патот Охрид –…

На 10.08.2024 година во 18.30 часот, во…

Утре започнува тридневната расправа за ребалансот на…

Утре започнува тридневната расправа за ребалансот на…