Објавено на:

Командант Гис: Германија да биде подготвена за војна со Русија за пет години

t

Германија треба да биде подготвена за голем воен конфликт со Русија за пет години, изјави командантот на регионалната команда на Бундесверот во Хамбург, Мајкл Гис.

– Во Германија денес сме милји далеку од препознавање на надворешна закана, додека луѓето во балтичките земји или Полска, на пример, се во сосема поинаква ситуација – изјави Гис во интервју за германскиот весник „Велт“.

Тој додаде дека внатрешниот часовник што го има како војник му кажува дека за пет години Германија ќе мора да биде отпорна и подготвена како општество да издржи надворешна воена закана.

Во март 2023 година, како одговор на рускиот напад врз Украина, Берлин почна да го елаборира својот „Оперативен план Германија“, национална стратегија за воена подготвеност со партнерството на НАТО.

Гис изјави дека овој план предвидува Германија да се подготви „за конвенционален напад од Русија за пет години“.

Тој додаде дека Русија веќе е вклучена во хибридна војна против НАТО, бидејќи веќе неколку години спроведува сајбер напади, саботажи и кампањи за дезинформација.

– Цела Германија мора да се подготви за војна – рече Гис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) При гаснење на пожар изгоре единственото…

Во големиот пожар во Пехчевско изгоре единственото…

Командант Гис: Германија да биде подготвена за…

Германија треба да биде подготвена за голем…

ЦЕЛА ВЕЧЕР СЕ ВОДИ БОРБА ОГНОТ ДА…

Пожарот кој веќе неколку дена опустошува ридски…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Река народ од Македонија…

На денешен ден пред 34 години во…

Рецепт за највкусната чоколадна торта!

Кога зборуваме за десерти, чоколадната торта секогаш…