(Видео) Мециновиќ: Ребалансот на Буџетот е рај за богатите и пекол за сиромашните
Владата прави ребаланс на буџет по мерка на стопанските комори, овој ребаланс ќе отвори нова ера на рај за богатите и пекол за сиромашните, истакна денеска во Собранието пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ.
– Сите шпекулативни финансиски теории и фоскули кои тука ги вадите не само што не им значат на нашите граѓани, туку и покажуваат дека вашата економска матрица е фридманистичка. Вие низ шок терапија, пробувате општеството да го доведете до работ на функционалноста, за после вашите бизнис партнери да можат да заработуваат од таа агонија на нашите граѓани.
Тоа што вам ви е удобно да се фалите како ќе го подобрите бизнисот, кажете ни зошто 10 милиони денари има помалку за здруженијата на лицата со инвалидитет? Зошто ги намаливте даноците? И за да ги намалите, сега ќе кратите од маргинализираните и ранливите категории.
Наместо прераспределба на материјалните добра, вие одите во концентрација на материјалните добра во рацете на вашите финансиери! Овој ребаланс неминовно ќе има ефект по животот граѓаните од ранливите категории и вие ќе ја сносите таа одговорност. Ова ви е прв ребаланс, пред нас доаѓа многу битен буџет, се надевам повторно нема да биде изработен од стопанските комори.“ – истакна Мециновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…
Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…