Франција, Германија и Британија го повикаа Иран да се воздржи од одмазда, стигна одговор
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека повиците на Франција, Германија и Велика Британија за воздржаност во однос на Израел „немаат политичка логика и се во спротивност со принципите на меѓународното право“.
Трите европски земји вчера го повикаа Иран и неговите сојузници да се воздржат од напад на Израел по убиството на Исмаил Ханије, политички лидер на палестинската исламистичка група Хамас, во Техеран минатиот месец.
Техеран и неговите сојузници Хамас и либанската шиитска група Хезболах го обвинија Израел дека го извршил атентатот. Израелската влада не ја презеде одговорноста.
„Без никаков приговор за злосторствата на ционистичкиот режим (Израел), од Иран дрско се бара да не реагира на нарушувањето на неговиот суверенитет и територијален интегритет“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.
Канани рече дека Техеран е решен да одговори на Израел и ги повика Париз, Берлин и Лондон еднаш засекогаш да застанат против војната во Газа и Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД предупредуваат: Хакери поврзани со Иран ги…
Хакери поврзани со иранската влада и проирански…
Петрова најавува сопки и за Србија во…
Бугарија не дава безусловна поддршка на ниту…
Кривични пријави за двајца педофили од Скопје:…
Двајца мажи на возраст од 47 и…
(Видео) ЦИРКУС ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Пратеник му…
Лидерот на опозицијата, Александар Вучиќ, му се…
Иран негира вмешаност во планираниот терористички напад…
Ги отфрламе како целосно неосновани тврдењата на…