Советот на Европа го повика Румен Радев да стави вето на „законот за ЛГБТ“
Комесарот за човекови права на Советот на Европа е „длабоко вознемирен“ од законот донесен минатата недела во бугарскиот парламент против „пропагандата“ на ЛГБТ+ во училиштата и го повика претседателот Румен Радев да не го потпишува.
„Длабоко сум загрижен поради неодамнешниот закон со кој се забранува ЛГБТ+ „пропаганда“ во училиштата“, напиша Мајкл О’Флаерти на социјалната мрежа Х.
„Го повикувам претседателот Радев да не го потпишува. Властите мора да се справат со дискриминацијата и непријателската реторика против ЛГБТ+ луѓето, вклучително и во пресрет на изборите“, додаде О’Флаерти.
Коалицијата „Заедно против насилството“ собра потписи од 73 невладини организации и над 6.000 граѓани против Законот за изменување и дополнување на Законот за предучилишно и училишно образование (ЗПАО), донесен на 7 август.
Со измените што ги усвоија пратениците се забранува пропаганда, популаризација или поттикнување на кој било начин – директно или индиректно, во образовниот систем на идеи и ставови поврзани со „нетрадиционална сексуална ориентација и/или определување родов идентитет различен од биолошкиот“ .
Според Коалицијата „Заедно против насилството“, изгласаниот закон не е законски спроведлив и е во спротивност со Законот за заштита од дискриминација и Европската конвенција за човекови права. Во својот став, Коалицијата посочува дека во пленарната сала народните избраници користеле говор на омраза и целосно дискриминаторски изјави кои имаат тенденција да ги поткопаат темелите на демократијата и владеењето на правото. Некои заради овој говор би можеле да бидат санкционирани според Законот за антидискриминација и Европската конвенција за човекови права.
Шефот на бугарската држава сè уште го нема потпишано указот за објавување на законот во Државен весник, а рокот за тоа е 15 дена од денот на донесувањето на законот. Тој можел да оствари право на вето, т.е. да го врати законот во Народното собрание на нова расправа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на Европа го повика Румен Радев…
Комесарот за човекови права на Советот на…
Тинејџер инспириран од видеоигра тргнал во крвав…
Тинејџер, 18-годишен, со шлем на главата, маска…
Франција, Германија и Британија го повикаа Иран…
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека…
Споменик југословенските партизани отворен во Русија
Споменик на партизаните на Југославија отворен кај…
Седумгодишно дете случајно го уби сопствениот татко…
7-годишно дете кое завршило прво одделение и…