Теологот Асани назначен за заменик директор во Агенција за финансиска поддршка на земјоделство – Ги истражува ли некој врските на ВЛЕН со радикални исламисти?!
Несоодветни кадри назначени за директори и заменици во многу сериозни институции. Продолжува низата која Владата на Република Македонија ја започна со поранешниот затвореник и несуден заменик директор во Идризово, Ибрахим Ељези, потоа несудената ревизорка на европските фондови Афрона Веризволи, а воопшто и да не зборуваме за лицата кои се осудени или има активен судски процес против нив, а се назначени на раководни функции во институциите.
На оваа низа се надоврзува и Фадил Асани – заменик директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Асани стапува на функцијата во јули 2024 година, откако Владата го назначи за заменик директор на Агенцијата.
На веб-страницата на агенцијата може да се пронајде и биографијата на Асани, каде стои дека завршил теолошки факултет. Според нашите информаци, Асани дипломирал теологија во Каиро.
Во биографијата стои и дека имал приватна компанија, „Два Браќа“ Тетово и дека бил менаџер во Inter Union Grup. Ниту една од компаниите нема врска со земјоделство и рурален развој, а работното искуство кое го има Асани не покажува дека тој било кога имал врска со фондови за земјоделство, финансии и слично.
Она што веројатно го прави Асани, кој е теолог, подобен за заменик директорската позиција е членството во ВЛЕН. На неговиот профил на Фејсбук може да се забележат бројни објави за Изет Меџити, ВЛЕН и останатите партнери во коалиицјата.
Како што кажавме, Асани дипломирал теологија во Каиро. Треба да се спомене дека оваа коалиција и актуелните функционери зад себе влечат низа скандали поврзани со екстремни исламистички структури. Инфомакс претходно објави дека зетот на спикерот Африм Гаши загинал во Сирија како борец на ИСИС, додека братот на заменик министерот за внатрешни работи не успеал да добие безбедносен сертификат во МВР поради комуникација со екстремни исламистички структури. Досега ниту Гаши, ниту МВР и Астрит Исени како заменик министер не ги демантираа објавите на Инфомакс, напротив, „мудро се молчи“ за врските на актуелни функционери од ВЛЕН со радикални исламисти.
Молчат и институциите кои барем засега не информирале дека било како се истражуваат врските на Гаши, Исени и останатите функционери со опасни исламистички структури. И секако, се поставува прашањето, дали некој во Владата ги проверува кадрите пред да бидат назначени на некоја раководна функција и има ли пилот во авионов наречен Македонија?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Теологот Асани назначен за заменик директор во…
Несоодветни кадри назначени за директори и заменици…
Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги…
Електрични и трактори на водород на Меѓународен…
Темата на овогодинешниот Меѓународен саем за земјоделство…
(Видео) Мециновиќ: Аграрни кооперативи, бескаматни кредити, загарантиран…
Носителот на пратеничката листа на Левица во…
Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди…
СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока…