Сериозна порака: Трудо ги повика Канаѓаните веднаш да го напуштат Либан
„Постои реален ризик од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах кој е поддржан од Иран, а Канаѓаните треба да го напуштат Либан додека тоа е можно, бидејќи Отава можеби нема да може да ги евакуира сите доколку ситуацијата се влоши“, изјави вчера премиерот Џастин Трудо.
„Гледаме дека ризикот од разгорување на војната е реален, предизвиците во регионот се значајни“, рече Трудо пред новинарите во Онтарио.
„Правиме одредени подготовки за да можеме да дадеме поддршка во случај сè да стане многу, многу полошо, но ситуацијата е толку тешка што можеби нема да можеме да ги извлечеме сите Канаѓани“, подвлече канадскиот премиер.
Стравот од влошување на состојбата на Блискиот Исток порасна откако на крајот на јули во Бејрут беше убиен првиот човек на либанското движење Хезболах, Фуад Шукр, а во Техеран политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија.
Иран и Хезболах најавија дека ќе се одмаздат за овие напади, но тоа се уште не се оствари. Многу држави во меѓувреме ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Либан, а САД, најважниот сојузник на Израел, го зголеми присуството на својата војска во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…