Полицијата фати малолетник со дрога во Скопје
Вчера и денеска полицијата апсење за дрога на подрачјето на главниот град. Меѓу уапсените и малолетник.
Денеска (13.08.2024) во 02.15 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници при СВР Скопје ја лишиле од слобода Т.Н.(23) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, соопштија од МВР.
Денеска (13.08.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, се вели за другиот случај.
Вчера, пак, во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А.(25) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…
Според АФП и државните медиуми на Иран,…