Пеколот продолжува: И утре температури над 40 степени!
Скопје, Велес и Демир Капија денеска беа како „под вршник“. Температурата во овие три градови достигна 41 степен. Степен помалку беше во Гевгелија, Кавадарци и Штип.
Најладно беше на Попова Шапка, каде беа измерени 25 степени.
Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во текот на ноќта ведро. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен и дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја, велат од УХМР.
UV=8
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…