Светската здравствена организација одржува итен состанок-се појави нов сој мајмунски сипаници
Светската здравствена организација (СЗО) денеска одржува итен состанок за да разгледа загрижувачко жариште на нов сој на мпокс(т.н. мајмунски сипаници). На состанокот учествуваат 16 експерти, кои ќе одлучат дали да прогласат вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење – највисокото ниво на предупредување што СЗО може да го издаде.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, на почетокот на состанокот изјави дека оваа година во Африка се регистрирани над 14.000 случаи на новиот сој, при што досега починале најмалку 500 лица. Епицентарот е во Демократската Република Конго, но во последните недели се регистрирани 90 случаи и во соседните држави, што создава ризик од понатамошно ширење на епидемијата.
Мпокс се вирусно заболување кое предизвикува осип со меурчиња. Се пренесува преку физички контакт со заразени лица или животни, како и преку контакт со контаминирани материјали. Иако повеќето пациенти целосно се опоравуваат, болеста може да биде опасна за деца, бремени жени и лица со ослабен имунитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…