Во Романија НАТО гради една од своите најголеми бази во Европа!
Областа на базата на НАТО „Михаил Когелничану“ во Романија ќе се зголеми за четири пати по модернизационите работи, пишуваат француските медиуми, повикувајќи се на романската армија.
Четирикратното зголемување на базата ќе значи изградба на дополнителна писта, како и зголемен простор за движење и паркирање на авионите. Покрај тоа, базата ќе има хангари, магацини, нова контролна кула и „цел град“ со болници и училишта. Војниците на НАТО и нивните семејства ќе можат да живеат во овој град многу подолго отколку што е моментално можно.
Базата стана една од „стратешки најважните објекти“ на источното крило на алијансата наспроти наводната „руска закана“. Од таму, меѓу другото, се следи и Црното Море.
Во базата ќе бидат сместени 10.000 војници со нивните семејства и помошен персонал. Изградбата би можела да биде завршена до 2040 година. Комплексот може да стане најголемата воена база на НАТО во Европа.
Претходно програмскиот директор на Академијата за политички науки Александар Степанов изјави дека Романија на поттик на САД ја презема улогата на отскочна даска за проектирање закани во насока на Русија.
Вооружените сили на САД ја користат базата „Михаил Когелничану“ од 1999 година, а во неа моментално се сместени единиците на 101-та воздухопловна дивизија на САД, како и сојузничките ловци кои им помагаат на романските воздухопловни сили во извршувањето на мисии на воздушната полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…
Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…