Објавено на:

Германија останува најголем финансиер на ЕУ

t

Германија минатата година во буџетот на Европската Унија уплатила значително повеќе од она што го потрошила, наведува Германскиот економски институт кој ги анализирал податоците на Европската комисија.

Во 2023 година, Германија во буџетот на ЕУ уплатила околу 17,4 милијарди евра повеќе од она што го примила, со што останува најголемиот нето придонесувач. Годината претходно, Германија дала 19,7 милијарди евра.

На второ место е Франција, која минатата година уплатила речиси девет милијарди евра повеќе отколку што повлекла од буџетот на ЕУ. На трето место е Италија со нето придонес од околу 4,5 милијарди евра.

Најголемиот нето примател во 2023 година – како и претходната година – била Полска со 8,2 милијарди евра.

Гледано по нето уплати по жител, проценката покажува дека Ирска е на прво место со 236 евра по жител. Во Германија, уплатите изнесуваат 206 евра по жител.

Буџетот за 2023 година изнесуваше 173,1 милијарда евра, од кои 143,4 милијарди евра отишле во земјите-членки.

Покрај тоа, биле вклучени и средства од Европскиот фонд за закрепнување од пандемијата на Ковид во висина од 66,1 милијарда евра, од кои членките искористиле 64,6 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од…

Кина постави цел до 2030 година електричните…

Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…

Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…

Трамп и Маск го отвораат паричникот: Десетици…

Политичките групи поврзани со претседателот на Соединетите…

Успешно е извршена тешка операција на срцето…

Успешна сложена кардиохируршка интервенција е извршена кај…

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник…

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ…