Приведено лице од кумановско поради фалсификување пари
На 14.08.2024 во 16.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Н.(43) од село Лопате, кумановско.
Тој се сомничи дека на 13.08.2024 во казино на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека А.Н. пред десет дена во истото казино пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 100 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Криминална шема во Грција: Измамници со фиктивни…
Криминална организација во Грција, преку фиктивни компании…
Изгоре куќа во Валандовско, во една од…
Пожар вчера избувнал во куќа во валандовското…
Македонија произведува повеќе со помалку земјоделско земјиште…
Во изминатите десет години земјоделските површини во…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…
Ја следел поранешната партнерка, најден и уред…
Полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен…