Николоски: Конечно плата за Пошти и Железници, следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење

t

Работите се менуваат – во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има!, рече денеска министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, најавувајќи дека денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура, а од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт.

Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот. 4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле. Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ.
Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт. Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење!, најави тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Словачките лекари му забранија на Фицо да…

Информативната служба на словачкиот премиер Роберт Фицо…

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата…

Протестите поради кризата со домувањето во Шпанија…

Доминација на македонскиот тенисер Алексовски на турнирот…

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години)…