Пожарот над Гари ставен под контрола, нема никаква опасност по блиските села

t

Ставен е под контрола големиот пожар во планината Стогово, над дебарското село Гари, област Мала Река и не постои никаква опасност по ова и соседното село Осој, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската Територијална противпожарна единица.

– Со максимални напори на нашите пожарникари и вработените на подружницата „Стогово” на ЈП „Национални шуми” успеавме да ја отстраниме секоја можна опасност од проширување на пожарот. Дополнително ни „помогна” и краткотрајниот дожд, кој иако не беше обилен сепак во одредена мерка беше во прилог на веќе постигнатото, додаде Мифтароски.

Пожарот беснееше три дена и постоеше опасност да се прошири до селото Гари а потоа и Овој, чии жители беа видно загрижени.

-Опжарени се над 70 хектари. Првите два дена гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска зафати и високо стеблеста шума. Апелирам до граѓаните да бидат совесни и да ја почитуваат препораката за забрана на движење во шуми, апелира Мифтароски.

Ова е втор голем пожар на територијата на општината. Претходно голем пожар беснееше над селото Татар Елевци со опасност да се прошири во селата Горно Рајчица и Горно Косоврасти, сој беа зафатени над 30 хектари.

Во неговото гаснење освен дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и жители од село Горно Косоврасти, беа вклучени и два „ер-трактори”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…