ДРЖАВАТА НЕ НИ Е ПОДАРЕНА, ТУКУ ИЗВОЈУВАНА СО НАРОДНА БОРБА: Вие сте чуварите на наследството од АСНОМ, им порача претседалката на припадниците на Армијата

t

„Овој празник е потсетување дека нас никој не нѐ ослободувал, туку сами се ослободивме. Македонската држава не е ниту подарена, туку е извојувана и стекната со тешка и праведна народно – ослободителна борба“.

Со овие зборови претседателката Гордана Сиљановска Давкова на свеченост во Охрид го честиташе 18 август, денот на македонската Армија.

– Како претседателка на Републиката, како врховна командантка на вооружените сили, но и како партизанска ќерка, стојам пред вас, горда на вас, наследниците на партизаните. Вие, војниците и офицерите, питомците и ветераните на армијата сте вистинските чувари на наследството – слободната македонска држава, која пред 80 години, на АСНОМ, ни ја оставија нашите храбри предци.

Претседателката зборуваше дека силата на армијата извиера од единството на различностите во македонското општество. Таа исто така потсети дека дел од припадниците во моментот на Армијата во моментот се борат со огнените стихии ширум државата помагајќи им на пожарникарите и на екипите. Таа им се заблагодари и на граѓаните волонетри кои помагаат во гаснењето. Сиљановска Давкова потсети дека вклучувањето на Армијата во гаснење беше пракса и години наназад:

– Повторувам, години наназад, Армијата редовно се ангажираше во поддршката на институциите во справувањето со елементарните непогоди и со кризните состојби. Секогаш тоа го правеше професионално и пожртвувано. Затоа Армијата, затоа вие, континуирано уживате највисока доверба кај македонските граѓани – вели таа.

На денешниот настан беше и остварено примопредавање на на должноста началник на Генералштабот на Армијата. Сиљановска давкова му честиташе на новиот началник на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, а за неговиот претходник Васко Ѓурчиновски изјави:

– Од срце, и со разум, му благодарам на досегашниот началник, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски за успешното лидерство во изминатите години. Нему му припадна задачата да биде началник на Генералштабот во клучен период, кога македонската држава се соочи со бројни ризици, но и успеси како формалното членство во НАТО. Тој активно учествуваше во трансформацијата и модернизацијата на Армијата и успеа да ја продлабочи соработката со нашите сојузници. Јас и понатаму му нудам соработка. Благодарна сум му за стореното и очекувам понатамошни советнички успеси.

Претседателката истакна дека „мора да продолжиме да се залагаме за родова еднаквост и за кариерен напредок во сите области и во Армијата. Конечно, мора да вложуваме во образованието и во обуката на сегашните и на идните воени лидери на македонската армија, но и во нивниот социјален статус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДРЖАВАТА НЕ НИ Е ПОДАРЕНА, ТУКУ ИЗВОЈУВАНА…

„Овој празник е потсетување дека нас никој…

120.000 УКРАИНЦИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ НА ГРАНИЦАТА СО…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека…

Добра вест: Пожарот над Гари целосно локализиран

Откако вчера попладне беше ставен под контрола,…

“Дерби на Македонија“: Вечерва спектакл на Арена,…

Вечерва спектакл на Арената “Тодор Проески“ во…

ЛДП: Носеше ли Гаши патен налог со…

Либерално-демократската партија изразува загриженост од континуираното непристојно…