Објавено на:

До среда променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален дожд

t

До среда времето во земјава ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места, според УХМР, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.

Во Скопје до среда ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Времето утре претпладне ќе биде умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До среда променливо облачно, посвежо и нестабилно…

До среда времето во земјава ќе биде…

Затворски полицаец нападнат од осуденик, МВР го…

На 17.08.2024 во 14.00 часот во Полициската…

(Видео) Кадиров се вози со сајбер камион…

Чеченскиот водач Рамзан Кадиров се снимал како…

СДСМ: Се случи најлошото, починала пациентка која…

Откако утрово СДСМ алармираше дека има проблем…

Цената на златото руши рекорди

Златото додаде повеќе од 20% на својата…