Објавено на:

Русија: Американски бомбардер опасно се приближи до руски авион во Сирија

t

Воен авион на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави опасно се доближил до руски авион во Сирија, изјави заменик-шефот на рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Олег Игнасјук.

„Авион бомбардер Ф/А-18 опасно се приближи до авион Ан-30 на руските воздушни сили над Сирија. Инцидентот се случи на надморска височина од околу 6.700 метри во провинцијата Хомс“, рече Игнасјук, пренесе ТАСС.

Тој додаде дека рускиот пилот покажал висока професионалност и презел навремени мерки за да го спречи судирот.

САД имаат 900 војници во Сирија и 2.500 во соседен Ирак, со цел да ги советуваат и да им помагаат на локалните сили кои се обидуваат да го спречат обновувањето на Исламската држава, која зазеде големи делови од двете земји во 2014 година, но подоцна беше потисната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија: Американски бомбардер опасно се приближи до…

Воен авион на коалицијата предводена од Соединетите…

Дачиќ: Следиме околу 100 вахабисти поради сомнежи…

Министерот за внатрешни работи во Владата на…

СДСМ: Мицкоски повторно слеп за самоволието на…

Скандалите на Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не…

Денеска средба Мицкоски-Арсовска

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе…

Украинците тврдат дека уништиле уште еден мост…

Украинските сили извршија напад врз уште еден…