Ѓоковиќ изгуби 1.000 бодови, но остана на истата позиција на АТП листата
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ на најновата АТП листа се наоѓа на втората позиција.
Освојувачот на златен медал на Олимписките игри во Париз и оваа недела е второпласиран со 7.460 бодови.
Ѓоковиќ поради тоа што не настапи на Мастерсот во Синсинати изгуби 1.000, сепак тие не беа доволни да падне подолу на листата.
Српскиот тенисер имаше среќа Карлос Алкараз да биде елиминиран уште во второт около во Синсинати, па така Шпанецот остана зад него. На врвот и понатаму е прв Јаник Синер со 9.410 бодови, а предноста може и да ја зголеми бидејќи го чека финалето на турнирот во Синсинати против Тиафо.
Немаше промени ниту на останатите топ десет тенисери во светот, па така по првата тројка следуваа: Зверев, Медведев, Рубљов, Хуркач, Руд, Димитров и Алекс Де Минор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли амфибиска операција на САД…
Амфибиската група „Макин Ајленд“, со 13-тата експедициска…
Енергетски удар врз ЕУ: Гасот поскапел за…
Цените на природниот гас во Европската Унија…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Две лица повредени со остар предмет, во…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(37)…
Дејан Јованов останува во притвор 30 дена
На Д.Ј. од Кочани, првообвинет во случајот…