ШОКАНТНА ОЦЕНКА НА БРИТАНЦИТЕ: Русите наскоро започнуваат голема офанзива за враќање на делови од областа Курск

t

Велика Британија очекува дека Русија кон крајот на октомври ќе започне голема офанзива против украинските војници во областа Курск!

Британскиот весник „Тајмс“ пишува дека западните аналитичари се согласуваат дека Украина „нема да сака“ да ги задржи сите позиции што ги освои во Русија. Тајмс, зборувајќи за целите на операцијата, ги доведува во прашање изјавите на Киев дека проширувањето на фронтот е неопходно за зајакнување на позицијата на Украина во претстојните мировни преговори со Москва.

– Украинскиот претседател минатата недела сугерираше дека инвазијата има за цел да се осигура дека идните мировни преговори може да се водат според условите на Украина. Сепак, никој не мисли дека преговорите се можни пред пролет, а најверојатно дури и до есента 2025 година – пишува британскиот весник.

„Тајмс“ наведува дека вооружените сили на Украина го нападнале регионот Курск за да го зајакнат моралот во земјата и да ја зајакнат позицијата на Зеленски.

– Демократскиот мандат на Зеленски истече во мај, а неговата моќ сега доаѓа само од вонредната состојба – наведува весникот.

Фактот дека украинските војници користеле британски тенкови „Челинџер“ за да се пробијат, потврдува дека тоа била свесна одлука на новиот британски кабинет и дека Велика Британија однапред знаела за операцијата и веројатно помогнала во подготовките.

– Минатонеделната одлука на (британскиот премиер Кир) Стармер и (министерот за одбрана Џон) Хили не беше промена на политиката, туку промена на тонот на Велика Британија да се обиде да ги убеди клучните сојузници да направат повеќе за да помогнат – пишува Тајмс.

Велика Британија, според весникот, се обидува да ги убеди сојузниците да и дозволат на Украина да користи западно оружје со долг дострел за да ја нападне Русија. Лондон конкретно инсистира Германија и САД да дадат таква дозвола паралелно со Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…