Инспектор за прекуграничен криминал е фатен како краде струја
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. – инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик.
На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко.
Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велика Британија ќе ја користи британската воена…
Премиерот Енди Барнам изјави дека Обединетото Кралство…
Син ја нападнал мајка си фрлајќи предмети…
Четириесет и едногодишен гостиварец е лишен од…
Топлотен бран кон крајот на септември: Tемпературите…
Топло време со температури значително над просекот…
Опасност од одрони на неколку делници, посебен…
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива…
Гостиварец заминал на работа и исчезнал, по…
60-годишен гостиварец доцна синоќа бил пронајден починат…